Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, објавува оглас за ангажирање на Две стручни лица/консултанти/-ки за евалуација на спроведувањето на „Националната стратегија за дроги 2014 – 2020“
Потребни квалификации
- Најмалку 5 (пет) години искуство во работа на теми поврзани со локални и национални политики. Предност имаат кандидати/-ки кои работеле на теми поврзани со употребата на дроги и/или кои имаат правено, самостојно или тимски, евалуации или анализи на локални или национални политики, особено на теми поврзани со употребата на дроги.
- Подготвеност за тимска работа. Предност имаат кадидати/-ки кои конкурираат како тим.
- Одлични вештини за писмено изразување и за комуникација.
- Познавање на OS Windows, MS Office, Интернет и социјални мрежи.
- Одлично познавање на македонски и на англиски и јазик (говорен и пишан).
Конкурентски предности
Успешните кандидат/-ки треба: да располагаат со знаења и вештини за подготовка на соодветна методологија за евалуација на Националната стратегија за дроги 2014 – 2020, да располагаат со вештини за анализа на политики и практики, особено на теми поврзани со употребата на дроги, да имаат одлични вештини за писмено изразување и коминикација, да бидат во состојба да дејстуваат тимски, ефикасно да управуваат со својот обем на работа, добро да функционира под притисокот на работните одговорности, да ги почитуваат зададените рокови за исполнување на задачите.
Период на ангажман: 4 месеци, октомври 2019 – јануари 2020 година.
Вкупниот буџет за овој ангажман изнесува 6000 УСД во денарска противвредност.
Клучни задачи
- Изработка на методологија за евалуација на Националната политика за дроги за 2014 – 2020 година.
- Спроведување на евалуација на Националната политика за дроги за 2014 – 2020 година.
- Анализа на податоците од евалуацијата на Националната политика за дроги за 2014 – 2020 година.
- Изработка на стручен труд, извештај од евалуацијата на Националната политика за дроги за 2014 – 2020 година, во размер од 25 до 50 страници според стандардите на ХОПС.
- Избор на текст за извршно резиме од евалуацијата на Националната политика за дроги за 2014 – 2020 година, до 4 страници според стандардите на ХОПС.
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Пропратно (Мотивациско) писмо
- Куса биографија (CV)
- Извештаи/Публикации или список со адреси на Интернет од евалуации/анализи на локални и национални политики кои ги спроведувале или во кои учествувале кандидатите/-ките (доколку има такви).
Краен рок за поднесување на пријавите: 18 септември 2019 година.
Пријавите може да се поднесат на следната електронска адреса: hajdis@hops.org.mk или да се достават самостојно на адреса: ул. „Христо Смирненски“ 48/1-6, 1000 Скопје.
Доколку има потреба кандидатите/-ките може да бидат повикани на дополнителен разговор во просториите на ХОПС.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на www.hops.org.mk.
Консултантските ангажмани се отвораат во рамките на проектот „Одржливост на сервисите за клучните популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ спроведуван на национално ниво во Република Северна Македонија од страна на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ во партнерство со здруженијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, и во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија преку Националната комисија за ХИВ, како дел од истоимената регионална програма раководена од Меѓународната добротворна фондација Алијанса за јавно здравје од Киев, Украина, со финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.