Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопјe објавува оглас за ангажирање на физичко
или правно лице/компанија за изработка на кратко видео од Националната конференција
за политики за дроги која ќе се одржи на 19 декември во Скопје
- Потребни квалификации
Најмалку 3 (3) години искуство во изработка на промотивни видеа. Предност имаат кандидати/-
ки кои работеле на промотивни видеа кои третираат општествени теми
- Конкурентски предности
Успешните кандидат/-ки треба: да располагаат со знаења и вештини за подготовка на промотивни
видеа , да бидат во состојба да дејстуваат тимски, ефикасно да управуваат со својот обем на работа,
добро да функционираат под притисокот на работните одговорности, да ги почитуваат зададените
рокови за исполнување на задачите.
Период на ангажман: 5 денови во период од 19 до 23 декември 2024 година.
Клучни задачи
- Изработка на кратко видео за Националната конференција за политики за дроги
- Консултација со избраниот тим на ХОПС за евентуалните сугестии и коментари за видеото
- Изработка на финално видео за Националната конференција за политики за дроги
- Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
Работна биографија
Портфолио / линкови за досегашната работа
Краен рок за поднесување на понудите: 5 декември 2024 година.
Ве молиме Вашата понуда да ја доставите по електронски пат на следната е маил адреса:
vlatkod@hops.org.mk најдоцна до 05.12.2024 година до 24 часот.
