Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува оглас за ангажирање на Извршен/-на директор/-ка
Главни обврски:
- Транспарентно раководење со Извршната канцеларија на ХОПС;
- Претставување и застапување на организацијата;
- Спроведување на политиките на ХОПС во насока на остварување на мисијата и визијата.
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- VII/1 степен на завршено образование;
- Минимум 5 годишно работно искуство во областите во кои делува ХОПС (искуство во работа со маргинализирани заедници: корисници на дрога, сексуални работници, лица кои живеат со ХИВ, ромско население ќе се смета за предност);
- Докажано работно искуство во финансиско раководење, менаџмент на човечки ресурси, програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансирани од меѓународни донатори;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Одлични комуникациски и лидерски вештини, подгответност за работа под стрес и со куси временки рокови, како и лојалност кон организацијата и нејзините цели;
- Почитување и прифаќање на различностите со посебен осврт кон маргинализираните заедници;
- Спремност за отпочнување со работа во најбрз можен временски рок;
Кандидатот треба да ги достави следните документи:
- Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование;
- Работна биографија;
- Писмо за мотивација;
- Предлог визија или стратешка ориентација за идното работење/водење на организацијата;
- Потврди и препораки од претходни работни ангажмани;
Вкупниот надомест за позицијата е 65.000,00 денари.
Целокупната документација треба да се испрати на следнава електронска адреса vaskak@hops.org.mk.
Огласот трае до 30 Јуни (Вторник) 2020 година до 17 часот.
Визија на ХОПС: Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
Мисија на ХОПС: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување. Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на https://hops.org.mk.