Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува оглас за ангажирање на две стручни лица/експерти/-ки за изготвување на Генеричка методологија за анкети, специфична методологија за анкета за собирање податоци за мерење на дискриминација врз основа на припадност на маргинализирана група, Извештај за спроведената анкета и Брифинг за политики од добиените наоди од извештајот
Потребни квалификации
• Најмалку 7 (седум) години искуство самостојно или тимски во развивање на генерички и специфични методологии за истражувања и анкети и/или имаат правено анализа на податоци од истражувања и анкети од областа на дискриминацијата и други области поврзани со маргинализирани групи. Предност имаат кандидати/-ки кои работеле на развивање и спроведување методологии на теми поврзани со интерсекциска дискриминација на маргинализирани заедници, особено за луѓе кои употребуваат дроги и сексуални работници/чки.
• Подготвеност за тимска работа.
• Одлични вештини за писмено изразување и за комуникација.
• Познавање на OS Windows, MS Office, Интернет и социјални мрежи.
• Одлично познавање на македонски и на англиски и јазик (говорен и пишан).
Конкурентски предности
Успешните кандидат/-ки треба: да располагаат со знаења и вештини за подготовка на Генеричка методологија за анкети (одредување на примероци, користени методи, фреквенција, прашалник/ци итн.) со посебно разбирање на интерсекциската дискриминација, специфична методологија за анкета за собирање податоци за мерење на дискриминација врз основа на припадност на маргинализирана група со интерсекциски пристап, да располагаат со вештини за анализа на податоци од истражувања и анкети, особено на теми поврзани со дискриминација, да имаат одлични вештини за писмено изразување и комуникација, да бидат во состојба да дејствуваат тимски, ефикасно да управуваат со својот обем на работа, добро да функционира под притисокот на работните одговорности и да ги почитуваат зададените рокови за исполнување на задачите.
Ангажман: вкупно 36 експертски денови или за двајца експерти/ки по 18 експертски денови во периодот 1 септември 2024 –31 август 2025 година.
Клучни задачи:
• Изработка на Генеричка методологија за анкети (одрдување примероци, користени методи, фреквенција, прашалник/ци итн.) развиена во консултативен процес преку активно учество на два консултативни состаноци со Комисија за спречување и заштита од дискриминација, Државен завод за статистика и граѓански организации – вкупно 18 експертски денови или по 9 експертски денови за двајца експерти/ки во периодот од 1 септември 2024 година до 25 декември 2024 година
• Изработка на Специфична методологија за анкета за собирање податоци за мерење на дискриминација кон луѓето кои употребуваат дроги развиена во консултативен процес преку активно учество на два консултативни состаноци со Комисија за спречување и заштита од дискриминација, Државен завод за статистика и граѓански организации, подготовка на Извештај за спроведената анкета согласно специфичната методологија и Брифинг за политиките согласно наодите од Извештајот, вкупно 18 експертски денови или по 9 експертски денови за двајца експерти/ки во периодот од јануари 2024 година до август 2025 година
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
• Пропратно (Мотивациско) писмо
• Куса биографија (CV)
• Методологии/Извештаи/Публикации или список со адреси на Интернет од Методологии/Извештаи/Публикации на тема дискриминација со посебно разбирање на интерсекциската дискриминација и теми поврзани со маргинализирани заедници кои ги спроведувале или во кои учествувале кандидатите/-ките.
• Предлог финансиска конструкција изразена во број на експертски денови и цена на чинење на истите во бруто износ.
Краен рок за поднесување на пријавите: 22 август 2024 година до 17 часот.
Пријавите може да се поднесат на следната електронска адреса: vaskak@hops.org.mk или да се достават самостојно на адреса: ул. „Железничка“ 46/8, 1000 Скопје.
Доколку има потреба кандидатите/-ките може да бидат повикани на дополнителен разговор во просториите на ХОПС.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на www.hops.org.mk.
Консултантските ангажмани се отвораат во рамките на проектот “Еднаквоста преку статистички леќи“ финансиран од Европската Унија, преку Програмата за грантови „Поддршка за граѓанското општество“ во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2021 година. Проектот го спроведуваат Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) и Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје (ХОПС).
