Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, за потребите на Програмата за намалување на штети од употреба на дроги, објавува оглас за ангажирање на медицинскo лице со работно време од 20 часа неделно.
Работни обврски:
- Базичен третман на воспаленија, рани и повреди од долготрајно и неправилно инјектирање.
- Едукација и советување за видови на дроги, штетни последици од употребата на дроги, превенција на ХИВ, хепатит Б и Ц и други по крвен и сексуален пат преносливи инфекции.
- Мотивирање на клиентите за лекување со постоечките модели на третман на зависности од дроги во РМ.
- Препраќање на клиентите до соодветни институции.
- Теренска работа според потребите на клиентите.
- Евиденција на медицински интервенции согласно протоколите на ХОПС.
- Подготовка на месечни, тримесечни и годишни извештаи.
Потребни квалификации:
- Завршено средно медицинско училиште (медицинска сестра/медицински техничар).
- Мотивација за работа на полето на зависности.
- Подготвеност за работа со ранливи групи.
Завршен медицински факултет или во завршна година на медицински факултет, искуство во работа на полето на зависности и претходна практична работа ќе се сметаат за предност.
Конкурентски предности
Успешниот/-ата кандидат/-ка треба: да биде во состојба ефикасно да управува со својот обем на работа, добро да функционира под притисокот на работните одговорности, да има силни интерперсонални вештини, да може да извршува повеќе рутински задачи, да извршува повремени административни задачи, да располага со самодоверба, да согледува детали, да негува добри колегијални односи во работниот колектив, да биде отворен/-а за прифаќање на различностите, да се согласува со мисијата и со вредностите на ХОПС.
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација:
- Пропратно (Мотивациско) писмо
- Куса биографија (CV)
Краен рок за поднесување на пријавите: вторник, 10 септември 2019 година.
Пријавите може да се поднесат на следната електронска адреса: vanjad@hops.org.mk или да се достават самостојно на адреса: ул. „Христо Смирненски“ бр. 48/1-6, 1000 Скопје.
Кандидатите/-ките кои ќе бидат повикани на интервју ќе бидат известени на 12.9.2019 година. Интервјуата ќе бидат закажани на 16.9.2018 година во просториите на ХОПС.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на www.hops.org.mk.