За потребите на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ поддржан во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права, здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува оглас за ангажирање на Проектен кординатор/координаторка.
Работниот ангажман е за 18 месеци, со почеток во јануари 2022, со можност за продолжување. Проектните цели се во насока на унапредување на пристапот до правда за маргинализираните заедници, како луѓето кои употребуваат дроги и сексуалните работници; воведување на концептот на родова интеграција (gender mainstreaming) во програмите и активностите на организацијата; јакнење на капацитетите на институците за заштита на човековите права, како и унапредување на политиките врз база на докази.
Главни задачи и обврски кои произлегуваат од оваа позиција се:
- Целосна административна и логистичка координација на проектот и редовно известување.
- Конципирање на проектните активности и нивна имплементација.
- Комуникација со експертите, правниот и парапрваниот тим.
- Одржување успешна и редовна комуникација со партнерите во проектот (ФООМ и Станица ПЕТ).
- Придонес во други активности на ХОПС, како пишување на нови проектни предлози (fundraising) и вмрежување.
- Претставување на ХОПС на меѓународни конференции, настани, работни групи и тела.
- Даваање предлози за унапредување на родовата интеграција (gender mainstreaming) во програмите на ХОПС
Кандидатот/Кадидатката треба да ги исполнува следните критериуми, вештини и квалификации :
- Завршено високо образование од областа на општествени науки (правни, социолошки, родови студии, итн).
- Најмалку петгодишно работно искуство во планирање, раководење и администрирање на проектен циклус.
- Најмалку двегодишно работно искуство во раководење на проекти финансирани од Европската унија.
- Искуство во застапување и комуникација со јавност.
- Искуство во организација на настани (обуки, семинари, конференции)
- Одлично владеење на пишан и говорен англиски јазик.
- Вештини за пррфесионална комуникација, особено со претставници на државни институции и меѓународни организации.
- Сензибилизираност за работа со маргинализираните заедници чии интереси ХОПС ги застапува (луѓе кои употребуваат дроги, сексуaлни работници/чки, маргинализирани жени итн).
- Тимска работа и колегијалност.
Визија на ХОПС e Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
Доколку сте заинтересирани, испратете ни ги следните документи:
- Работна биографија.
- Писмо за мотивација.
на следнава електронска адреса: hops@hops.org.mk I hajdis@hops.org.mk со назнака: Пријава по оглас за избор на координатор/координаторка на EU проект.
Конкурсот трае до 01.12. 2021 година.
ХОПС – Опции за здрав живот нуди пријатна работна средина, тимски дух на работа, флексибилност, можности за личен развој и почитување на личноста и различностите.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на мeиловите погоре или на телефонскиот број 02/3246205