За потребите на Тимот за администрација, финансии и логистика Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува оглас за ангажирање на еден/една соработник/соработничка за администрација и логистика. Работниот ангажман е долгорочен, со пробен период од шест месеци и подразбира извршување на административни и логистички задачи и обезбедување на функционалност и оперативност на Административната канцеларија и на програмите и проектите на ХОПС.
Главни обврски:
- Се грижи за редот, за уредноста, за инвентарот, за прием на посетители во Административната канцеларија на ХОПС и за службената кореспонденција од и до ХОПС.
- Врши архивски работи и води евиденција за инвентарот и за библиотеката на ХОПС.
- Се грижи за логистичките потреби и услови на Административната канцеларија на ХОПС и помага во логистичкото планирање и организирање во програмите и проектите на ХОПС.
- Води записници од состаноци.
- Придонесува во други активности на ХОПС.
Кандидатот/Кадидатката треба да ги исполнува следните критериуми:
- Завршено најмалку средно образование.
- Најмалку двегодишно работно искуство во администрација и логистика.
- Вештини за деловна кореспонденција, особено со претставници на државни институции и меѓународни организации.
- Изразени вештини за говорно и писмено изразување на македонски јазик.
- Работно владеење на пишан и говорен англиски јазик.
- Ентузијазам и силна мотивација за работа.
- Срдечна комуникација и негување на продуктивни колегијални односи.
- Подготвеност за транспарентна и тимска работа, лојалност кон мисијата на ХОПС, отвореност, почитување и прифаќање на различностите.
Кандидатот/Кадидатката треба да ги достави следните документи:
- Копија од диплома за завршено средно образование.
- Работна биографија.
- Писмо за мотивација.
Целокупната документација треба да се испрати на следнава електронска адреса: vanjad@hops.org.mk со назнака: Пријава по оглас за избор на соработник/соработничка за администрација и логистика.
Конкурсот трае до 9 јануари 2020 година.
Визија на ХОПС: Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
Мисија на ХОПС: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на https://hops.org.mk
www.hops.org.mk; www.twitter.com/HOPS_mk/; www.facebook.com; www.hops.org.mk