За потребите на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ поддржан во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права, здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува оглас за ангажирање на проектен кординатор/координаторка. Работниот ангажман е за 18 месеци, со можност за продолжување. Истиот поразбира координација на активностите од проектот кои се во насока на унапредување на пристапот до правда за луѓето кои употребуваат дроги и сексуалните работници, јакнење на капацитетите на институците за заштита на човековите права и унапредување на политиките врз база на докази.
Главни обврски:
- Административна и логистичка координација на проектот и известување.
- Претставување и застапување на целите на проектот.
- Одржување постојана продуктивна комуникација со партнерите во проектот (ФООМ и Станица ПЕТ) и со целните институции, медиумите и заедниците.
- Придонес во други активности на ХОПС.
Кандидатот/Кадидатката треба да ги исполнува следните критериуми:
- Завршено високо образование.
- Најмалку тригодишно работно искуство во планирање и раководење на проектен циклус.
- Најмалку едногодишно работно искуство во планирање и раководење на проекти финансирани од Европската унија.
- Најмалку двегодишно работно искуство во застапување и комуникација со јавност.
- Вештини за деловна кореспонденција, особено со претставници на државни институции и меѓународни организации.
- Знаење и искуство за организација на настани.
- Изразени вештини за говорно и писмено изразување на македонски јазик.
- Работно владеење на пишан и говорен англиски јазик.
- Знаење и вештини за администрација и финансиии во проектен циклус.
- Изразени вештини во примена на е-алатки.
- Ентузијазам и силна мотивација за работа.
- Срдечна комуникација и негување на продуктивни колегијални односи.
- Подготвеност транспарентна и тимска работа, лојалност кон мисијата на ХОПС, отвореност, почитување и прифаќање на различностите.
Кандидатот/Кадидатката треба да ги достави следните документи:
- Копија од диплома за завршено високо образование.
- Работна биографија.
- Писмо за мотивација.
Целокупната документација треба да се испрати на следнава електронска адреса: vanjad@hops.org.mk со назнака: Пријава по оглас за избор на координатор/кооридинаторка на проект.
Конкурсот трае до 8 јануари 2020 година.
Визија на ХОПС: Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
Мисија на ХОПС: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на hops.org.mk.