Oглас за ангажирање на Оперативен менаџер

0

Здружението ХОПС ­– Опции за здрав живот Скопје, објавува оглас за ангажирање нa
Оперативен менаџер

Улоги
1.1. Оперативец. Го предводи планирањето на оперативните активности и на материјално-логистичките потреби на оперативните тимови и ја следи реализацијата на задачите на оперативните тимови.
1.2. Иноватор. Ги проценува можностите за надградба на постоечките и за развој на нови активности за поддршка на заедниците и групите од интерес за ХОПС.
1.3. Водач. Предводник на оперативните тимови во исполнувањето на потребите на заедниците и групите од интерес за ХОПС.
1.4. Ментор. Ги препознава потенцијалите и посветеноста кај членовите на оперативните тимови и ги насочува кон развој на дејноста на ХОПС.
1.5. Медијатор. Одржува хармонични работни услови.
1.6. Преговарач. Ги застапува интересите на оперативните тимови и на приоритетите за одржливост и развој на оперативните активности на ХОПС.

Задачи
2.1. Планирање на работните задачи и на составот на тимовите и следење на операционализацијата на активностите.
2.2. Планирање и организација на материјално-логистичките потреби на оперативните тимови и следење на динамиката на исполнување на ваквите потреби.
2.3. Развој на постоечките и воведување на нови активности за поддршка на заедниците и групите од интерес за ХОПС.
2.4. Прибирање на средства за одржливост и за развој на активностите за поддршка на заедниците и групите од интерес за ХОПС.
2.5. Именување на тим лидери и следење и вреднување на нивната работа.
2.6. Поддршка на мотивацијата и мотивирање на тимовите за развој на постоечките и за воведување на нови активности за поддршка на заедниците и групите од интерес за ХОПС.
2.7. Одржување на продуктивна комуникација и хармонизација на односите во оперативните тимови и меѓу нив.
2.8. Застапување на приоритетите за одржливост и развој на активностите за поддршка на заедниците и групите од интерес за ХОПС.

Одговорности
3.1 Навремено обезбедување на ресурсите потребни за оперативното работење.
3.2 Реализација и развој на планираните и воведување на нови активности за поддршка на заедниците и групите од интерес за ХОПС.
3.3. Воспоставување на функционални оперативни тимови кои обезбедуваат навремени и квалитетни услуги и активности за поддршка на заедниците и групите од интерес за ХОПС.
3.4. Обезбедување на мерките за здравје и заштита при работа на членовите на тимовите
3.5. Одржување на постојана продуктивна комуникација во и меѓу оперативните тимови и меѓу оперативните тимови и останатите оддели на ХОПС.
3.6. Одржување на професионална продуктивна комуникација со други правни и физички лица од интерес за работата на ХОПС.

Овластувања
4.1. Донесува одлуки за оперативни активности за  поддршка на заедниците и групите од интерес за ХОПС.
4.2 Врши распределба на одговорности во оперативните тимови.
4.3. Врши надзор над операционализацијата на работата и над искористување на материјално-логистичките можности.
4.4. Ги планира и ги организира отсуствата од работа, во консултации и во соработка со тим лидерите.
4.5. Во соработка со менаџерот за човечки ресурси изнаоѓа и применува мерки за мотивација и за санкционирање на членовите на оперативните тимови.
4.6. Ја претставува работата на оперативните тимови пред другите оддели на ХОПС и пред јавноста.

Организациско комуницирање
5.1. Прима задачи од Извршниот директор
5.2. Отчет:
5.2.1.Прибира периодични (месечни) извештаи од оперативните тимови.
5.2.2. Поднесува периодичен (месечен) работен извештај на Извршниот директор
5.3  Координирање:
5.3.1. Одржува редовна комуникација со Извршниот директор за консултации и известувања поврзани со целокупната работа на ХОПС.
5.3.2. Одржува редовна комуникација со членовите на тимовите, со тим лидерите и со другите менаџери за консултации и известувања поврзани со целокупната работа на ХОПС.

Неопходни компетиции и одговорнсоти:
6.1. Петгодишно искуство во оперативно раководење.
6.2. Темелни познавања за планирање и раководење со проектен циклус.
6.3. Аналитички вештини.
6.4. Вештини за планирање и за реализација.
6.5. Лидерски вештини.
6.6. Фасилитаторски вештини.
6.7. Познавање на концептот на развивање на „повеќе сервиси под еден покрив“.
6.8. Ефикасност при работа под стрес и со куси временски рокови.
6.9. Организаторски вештини.
6.10. Преговарачки вештини.
6.11. Транспарентност и тимска работа.
6.12. Основни познавања или подготвеност за учење и примена на ИКТ (Интернет, Windows OS, Android OS, Microsoft Office, ракување со електронски бази на податоци).
6.13. Основни познавања или подготвеност за учење и примена на телекомуникациски софтвер (електронска пошта, дигитални социјални мрежи, ФБ Месинџер, Скајп, Вибер и слично).
6.14. Работно владеење со пишан и говорен англиски јазик.
6.15. Отвореност, почитување и прифаќање на различностите.
6.16. Сензитивност за околностите во кои живеат и за потребите на општествено-маргинализираните групи/заедници.

Работни услови

  • Посебен кацелариски простор.
  • Персонален компјутер.
  • Службен телефон.
  • Службено возило, по потреба.
  • Обврските подразбираат и теренска работа и комуникација со луѓе од општествено-маргинализирани групи/заедници.
Период на ангажман: на неопределено време со почеток на ангажманот од февруари 2019 година.
Месечниот бруто хонорар изнесува 700 ЕУР во денарска противвредност со можности за зголемување.Кандидатите треба да ја приложат следнава документација:

•          Биографија (CV)
•          Пропратно (мотивациско) писмо
•          Референци (доколку поседува)

Краен рок за поднесување на пријавите: петок, 11 јануари 2019 година, до 16:00 часот.
Пријавите може да се поднесат на следната електронска адреса: hristijanj@hops.org.mk или да се достават самостојно на адреса: ул. „Христо Смирненски“ 48/1-6, 1000 Скопје.
Кандидатите/ките кои ќе бидат повикани на интервју ќе бидат известени на 18.01.2019 година. Интервјуата со избраните кандидати ќе бидат закажани до крајот на јануари 2019 година во просториите на ХОПС.

Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на www.hops.org.mk.

 

Share.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.