Здружението ХОПС- Опции за здрав живот Скопје, за потребите на Програмата сервиси: „Намалување на штети од употреба на дроги“, објавува оглас за ангажирање на медицинскo лице со работно време од 4 часа дневно.
Работни обврски:
- Базичен третман на воспаленија, рани и повреди од долготрајно и неправилно инјектирање;
- Едукација и советување за видови на дроги, штетни последици од употребата на дроги, превенција на ХИВ, Хепатитис Б и Ц и други по крвен и сексуален пат преносливи инфекции;
- Мотивирање на клиентите за лекување со постоечките модели на третман на зависности од дроги во РМ;
- Препраќање на клиентите до соодветни институции;
- Теренска работа според потребите на клиентите;
- Евиденција на медицински интервенции согласно протоколите на ХОПС;
- Подготовка на месечни, тримесечни и годишни извештаи.
Потребни квалификации:
- Завршено средно медицинско училиште (медицинска сестра/медицински техничар);
- Мотивација за работа на полето на зависности;
- Подготвеност за работа со ранливи групи.
- Завршен медицински факултет, искуство во работа на полето на зависности и претходна практична работа ќе се смета за предност.
Најдоцна до 07.02.2018 година (среда) сите заинтересирани кандидати треба да достават своја работна биографија и мотивационо писмо, по електронски пат на следнава адреса: silvanan@hops.org.mk .
*Само кандидатите/тките кои ги исполнуваат наведените критериуми ќе бидат повикани на дополнителен разговор.