Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, објавува оглас за ангажирање на консултант/-и за развој на стратегија за финасниска одржливост на организацијата
Потребни квалификации
- Најмалку 5 (пет) години искуство во развивање на стратегии за финансиска одржливост. Предност имаат кандидати/-ки кои работеле на развој на стратегии за финансиска одржливост на здруженија на граѓани и кои имаат познавања на можностите за финансирање кои постојат во Република Северна Македонија како и финансирање од меѓународни извори со посебен акцент на финансирање од ЕУ.
- Одлични вештини за писмено изразување и за комуникација.
- Одлични вештини и знаење за организација и водење на работилници
Конкурентски предности
Успешниот кандидат/-и треба: да располагаат со знаења и вештини за подготовка на соодветна методологија за изработка на стратегија за финансиска одржливост на граѓански организации, да имаат одлични вештини за писмено изразување и коминикација, да бидат во состојба да дејстуваат тимски, ефикасно да управуваат со својот обем на работа, добро да функционира под притисокот на работните одговорности, да ги почитуваат зададените рокови за исполнување на задачите.
Период на ангажман: 3 месеци октомври 2023 – декември 2023 година.
Клучни задачи
- Изработка на методологија за развој на стратегија за финансиска одржливост
- Одржување на работилници за изработка на стратегија за финансиска одржливост
- Изработка на стратегија за финансиска одржливост на ХОПС и 3 едногодишни акциски планови за финансиска одржливост
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Пропратно (Мотивациско) писмо со предложена финансиска конструкција
- Предлог методологија за развој на стратегија за финансиска одржливост
- Куса биографија (CV)
- Извештаи/публикации или список на онлајн адреси од направени стратегии за финансиска одржливост
Краен рок за поднесување на пријавите: 13 октомври 2023 година.
Пријавите да се поднесат на следната електронска адреса: vlatkod@hops.org.mk и hajdis@hops.org.mk
Доколку има потреба кандидатите/-ките може да бидат повикани на дополнителен разговор во просториите на ХОПС.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на www.hops.org.mk.
Консултантскиот ангажман се отвора во рамките на проектот „Оперативен Грант. Проектот е поддржан со грант од регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од БиХ, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.