Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопјe објавува оглас за ангажирање на физичко или правно лице/компанија за изработка на промотивно видео за новиот Акциски план за дроги 2024-2025 на Република Северна Македoнија
Потребни квалификации
- Најмалку 3 (3) години искуство во изработка на промотивни видеа. Предност имаат кандидати/-ки кои работеле на промотивни видеа кои третираат општествени теми
Конкурентски предности
Успешните кандидат/-ки треба: да располагаат со знаења и вештини за подготовка на промотивни видеа , да бидат во состојба да дејстуваат тимски, ефикасно да управуваат со својот обем на работа, добро да функционираат под притисокот на работните одговорности, да ги почитуваат зададените рокови за исполнување на задачите.
Период на ангажман: 5 денови во период од Април 2024 до Мај 2024 година.
Клучни задачи
- Изработка на предлог промотивно видео за Акциски план за дроги 2024-2025 Република Северна Македонија
- Консултација со избраниот тим на ХОПС за евентуалните сугестии и коментари за видеото
- Изработка на финално промотивно видео за Акциски план за дроги 2024-2025 на Република Северна Македонија
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Работна биографија
- Портфолио / линкови на досегашната работа
- Краен рок за поднесување на понудите: 31 март 2024 година.
Ве молиме Вашата понуда да ја доставите по електронски пат на следните маил адреси: vlatkod@hops.org.mk и hajdis@hops.org.mk најдоцна до 31.03.2024 година до 24 часот.
Доколку има потреба кандидатите/-ките може да бидат повикани на дополнителен разговор во просториите на ХОПС.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на www.hops.org.mk.
Овој ангажман се отвора во рамките на проектот „Подобрување на националната политика за дроги во Република Северна Македонија“ спроведуван Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Проектот е поддржан со грант за национална интервенција на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од БиХ, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
