Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува оглас за ангажирање на Финансиски/-а раководител/-ка
1. Улоги
1.1. Оперативец. Го предводи планирањето на финансиските операции.
1.2. Иноватор. Ги проценува можностите и предлага начини за унапредување на финансискиот потенцијал на ХОПС.
1.3. Ментор. Им помага на членовите на другите тимови да ги разберат процедурите за финансиско работење и да ги применат во нивната работа.
1.4. Преговарач. Ги застапува финансиските интереси на ХОПС.
2. Главни задачи на позицијата
2.1. Планирање, организирање и спроведување на сите финансиски операции на ХОПС.
2.2. Обезбедување транспарентност и достапност до сите финансиски документи на организацијата.
2. Задачи и одговорности
3.1. Раководи со спроведувањето на финансиските процедури во согласност со позитивните законски прописи и со внатрешните правилници и регулативи на ХОПС.
3.2. Спроведува финансиски трансакции за проектите, за ХОПС во целина и обезбедува точни податоци за сите приходи и расходи на организацијата.
3.3. Учествува во изготвувањето на проектните буџети и ЕОБ.
3.4. Подготвува финансиски планови по утврдени стандарди.
3.5. Раководи со благајничкото работење, извршува навремени плаќања на доспеаните фактури и сметки во координација со соодветните менаџери и координатори.
3.6. Подготвува пресметките за исплата на плати и хонорари на вработените/ангажираните лица.
3.7. Учествува во изработка завршната сметка.
3.8. Одржува евиденција на сите одлуки и процедури поврзани со финансиското работење на ХОПС.
3.9. Подготвува проектни финансиски извештаи согласно барањата на донаторите.
3.10. Учествува во годишната проценка на извршувањето на работните задачи, на обуки како и на активности за професионален развој во контекст на обезбедување на висок стандард на спроведување на работните задачи и континуиран професионален напредок во соодветното поле на работа или во друга сфера на интерес на ХОПС.
3.11. Соработува со извршниот директор, менаџерите, тим лидерите и тимовите во обезбедување на адекватно и навремено сервисирање на финансиските потреби на проектите како и на ХОПС во целина.
3.12. Во договор со Административниот менаџер и Извршниот директор извршува и други задачи и превзема одговорности кои се во рамки на позицијата.
4. Организациско комуницирање
4.1. Финансискиот раководител одговара на Административниот менаџер.
4.2. Соработува со менаџерите, координаторите на проекти и тим лидерите.
5. Неопходни компетенции и особини
5.1. Завршен најмалку VI степен од областа на економските науки (ВСС).
5.2. Најмалку три години работно искуство во соодветната област.
5.3. Искуство во финансиско работење со проекти и програми.
5.4. Познавање на соодветна законска регулатива.
5.5. Познавање на соддветни компјутерски програми за финансиско раководење.
5.6. Познавање на англиски јазик.
5.7. Професионалност и посветеност.
5.8. Комуникациски вештини.
5.9. Работа под стрес и со куси временски рокови.
5.10. Транспарентност и тимска работа.
5.11. Лојалност кон организацијата и нејзините цели.
5.12. Отвореност, почитување и прифаќање на различностите.
5.13. Презентирачки вештини.
5.14. Преговарачки вештини.
7. Работни услови
7.1. Посебен кацелариски простор.
7.2. Персонален компјутер.
7.3. Пристап до интернет.
7.4. Пристап до телефон.
8. Период на ангажман: на неопределено време со почеток на ангажманот од март 2019 година.
Месечниот бруто надоместок изнесува 500 ЕУР во денарска противвредност со можности за зголемување.
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација:
• Биографија (CV)
• Пропратно (мотивациско) писмо
• Референци (доколку поседува)
Краен рок за поднесување на пријавите: понеделник, 18 февруари 2019 година, до 16:00 часот.
Пријавите може да се поднесат на следната електронска адреса: vaskak@hops.org.mk или да се достават самостојно на адреса: ул. „Христо Смирненски“ 48/1-6, 1000 Скопје.
Кандидатите/ките кои ќе бидат повикани на интервју ќе бидат известени 22 февруари 2019 година. Интервјуата со избраните кандидати ќе бидат закажани до крајот на февруари 2019 година во просториите на ХОПС.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на https://hops.org.mk/.