Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, објавува оглас за ангажирање на експерт/-и за фацилитирање на процесот и работнилниците на мултиресорската работна група и изготвување на Акциски план за дроги 2023-2025 во рамките на Националната Стратегија за дроги 2021-2025.
Потребни квалификации
- Најмалку 5 (пет) години искуство во работа на теми поврзани со развивање и пишување на стратешки документи за локални и национални политики. Предност имаат кандидати/-ки кои работеле на теми поврзани со политики на дроги.
- Подготвеност за тимска работа.
- Одлични вештини за фацилитирање на вакви процеси.
Конкурентски предности
Успешните кандидат/-ки треба: да располагаат со знаења и вештини за подготовка на соодветна методологија, да располагаат со вештини за подготовка, фацилитирање и изготвување на стартегии и акциски планови, особено на теми поврзани со политики за дроги, да имаат одлични вештини за писмено изразување и коминикација, да бидат во состојба да дејстуваат тимски, ефикасно да управуваат со својот обем на работа, добро да функционира под притисокот на работните одговорности, да ги почитуваат зададените рокови за исполнување на задачите.
Период на ангажман: 10 експертски денови во период од декември 2023 до март 2024 година.
Клучни задачи
- Изработка на методологија за изработка на Акциски план 2023-2025
- Изготвување на агенди за секој од настаните
- Подготовка, фацилитирање работилници и изработка на нацрт Акциски план 2023-2025 (јануари)
- Подготовка, фацилитирање работилници за финализирање на Акциски план 2023-2025 (февруари)
- изработка на финален завршен документ Акциски план 2023-2025 (март)
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Пропратно (Мотивациско) писмо
- Предлог методологија за изработка на Акциски План за дроги 2021-2025
- Работна биографија
- Извештаи/Публикации или список со адреси на Интернет од стратегии на локални и национални политики и акциски планови кои ги спроведувале или во кои учествувале кандидатите/-ките (доколку има такви).
Краен рок за поднесување на понудите: 20 декември 2023 година.
Ве молиме Вашата понуда да ја доставите по електронски пат на следните маил адреси: vlatkod@hops.org.mk и hajdis@hops.org.mk најдоцна до 20.12.2023 година (среда) до 12 часот.
Доколку има потреба кандидатите/-ките може да бидат повикани на дополнителен разговор во просториите на ХОПС.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на www.hops.org.mk.
Консултантскиот ангажман се отвора во рамките на проектот „Подобрување на националната политика за дроги во Република Северна Македонија“ спроведуван Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Проектот е поддржан со грант за национална интервенција на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од БиХ, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
