Здружението „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“ по повод 17 декември – Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните рабтоници,спроведе јавен повик за новинарски статии на тема: „Сексуалната работа во Македoнија“.
Од пристигнатите текстови, Комисијата за избор ги награди следните:
– Прва награда: Билјана Зафирова – „Сексуални работнички-достоинствени во изборот, а не обележани од општеството“.
– Втора награда: Сунаи Сабриоски – „Декриминализација на сексуалната работа во Македонија“.
–Трета награда: Александар Самарџиев – „Здравјето на сексуалните работнички во рацете на невладиниот сектор“.
Им честитаме на наградените новинари, а воедно им забалгодаруваме на сите оние кои покажаа интерес и испратија текстови кои ги објавиле во медиумите, а со тоа и се обидоа да дадат придонес во промена на перцепција за работата и правата на сексуалните работници од страна на медиумите.