Вчера во Дневниот центар за поддршка на сексуални работници се одбележа Денот за борба против семејното насилство.
Во текот на денот беа спроведени повеќе активности со единаесет сексуални работници кои го посетија Центарот во Гази Баба.
Координаторката на центарот им го презентираше кругот на насилстото и разговараше за навремено препознавање на карактеристиките на семејното насилство.
Социјалната работничка Елена ги информираше за тоа кои се механизмите за заштита од насилство (превенција и пријавување на семејно насилство), додека психологот Јасмина зборуваше за психолошкиот аспект на семејното насилство, преку интерактивна вежба и студија на случај.
На крајот од целата дискисија беше направена практична вежба за будење на чувство на сигурност и доверба.
Целата работилница помина одлично, каде што присутните сексуални работници ги споделија своите искуства и активно соработуваа во сите активности.