Со цел да се организира алтернативен интернационален настан, кој ќе биде воден од заедницата, формиран е сојуз на глобални клучни мрежи предводени од заедницата, луѓе кои што живеат со ХИВ и активисти за третман, насловен како ХИВ2020: Заедницата го враќа глобалниот одговор.
ХИВ 2020 има за цел да обезбеди безбедна алтернатива за лица кои не можат или нема да влезат во САД во 2020 година или кои не можат да си дозволат да присуствуваат на СИДА2020. Исто така, ќе понуди нови можности да ја реафирмираат водечката улога на заедниците во глобалниот одговор за ХИВ. ХИВ2020 ќе биде клучен, интердисциплинарен, сексуално позитивен, предводен од заедницата и ќе се фокусира на следниве теми:
- Одговори предводени од заедницата на ХИВ;
- Финансирање и нееднаквости во услугата;
- Сексуално и репродуктивно здравје и права;
- Универзална здравствена покриеност;
- Декриминализација на пренесувањето на ХИВ, изложеноста и неоткривањето на ХИВ, употребата на дрога, хомосексуалноста и сексуалната работа;
- Родова еднаквост и инклузија на трансродовите лица;
- Ркономска и расна правда;
- Елиминирање на хомофобија и трансфобија;
- Ставање крај на насилството врз цис и трансродовите жени, геј мажи, сексуални работници и луѓе кои користат дроги;
- Коалициска работа.
Анке ван Дам, извршен директор на AFEW International. Таа работи на оваа тема скоро две децении. Во овие дваесет години, AFEW International помогна во воспоставувањето мрежи и организации водени од заедниците низ источна Европа и Централна Азија.
AFEW International во 2020 година ќе биде дел и од HIV2020 во Мексико, силно поддржувајќи ја заедницата и стремејќи се да бидат дел од развојот на политиките, програмите и здравствените системи кои се однесуваат на нивното здравје.
ХИВ2020 е местото каде што ќе се пренесе оваа порака.
Регистрирањето за ХИВ2020 е отворено. Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на следниов линк.