Вчера 23 јули во Цреша Бар се одржа обука за параправници и гејт кипери која е во склоп на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот и Здружение за правна едукација и транспарентност – Станица ПЕТ, финансиски поддржан од Европската Унија.
Атмосферата во Цреша беше одлична. Учесниците беа доста активни и дадоа свои предлози за тоа како да се подобрат услугите и пристапот до клинетите од новите сцени.
Говоревме за нови дроги на музички фестивали, клубови и кафе барови. За поделба на дроги според правна регулатива во Северна Македонија, поделба на дроги според нивното дејство, функционирање на параправната помош, улогата на параправниците, улогата на гејткиперите.
Се разбира, обуката беше во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.