Се одржа обука за параправници

0

Изминативе два дена, 10 и 11 ноември, ХОПС во рамки на проектот “Пристап до правда за најмаргинализираните” спроведе обука за параправници кои работат со една од најмаргинлизираната заедницa: сексуалните работници.

На оваа обука се зборуваше за различните форми на родово базирано и семејно насилство, насилство од полиција и клиенти, како да се препознае насилството и кои се механизмите за заштита. Понатаму се зборуваше и за моделот за декриминализација на сексуалната работа, за кој се застапува ХОПС.

Обучувачи беа Милка Сприовска и Марга Глигуровска од ХОПС и Стојан Мишев од Здружението ЕСЕ.

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност – Станица ПЕТ финансиски поддржан од Европската Унија.

Обуката се спроведе во услови каде целосно се почитуваа протоколите за заштита од Ковид-19.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.