Во четвртокот, на 17 октомври 2019 година, во Хотел АРКА во Скопје, Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ Скопје во соработка со Националната комисија за ХИВ при Министерство за здравство одржа работилница, со Марина Тунева како фацилитатор, за изработка на комуникациска стратегија за потребите на националниот одговор на епидемијата на ХИВ. Откако ќе биде изработен, овој исклучително важен документ ќе ни помогне, меѓу другото, во намалување на бариерите во врска со човековите права во пристапот до услуги за ХИВ, унапредување на закони, регулативи и политики поврзани со ХИВ и ХИВ/ТБ, нормализација на ХИВ и зголемување на практиката на тестирање за ХИВ.
Овој процес е финансиски поддржан од Глобалниотфонд за борба против ХИВ, туберколоза и маларија, во рамките на регионалниот проект „Одржливост на сервисите за ХИВ за клучните популации во Источна Европа и Централна Азија“, што го спроведува Алијансата за јавно здравје од Украина, а на национално ниво кај нас се имплементира од граѓанските организации Заедно посилни, ХЕРА и ХОПС. #SoS_project