Од 21 до 23 декември, ХОПС органзира обука за буџет мониторинг и буџет застапување за здруженија на граѓани кои работат на програми за намалување на штети од употреба на дроги од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Целта на обуката е да се стекнат знаења за анализа на националните и локалните буџети а во насока на утврдување на можност за финансирање на програмите за намалување на штети од употреба на дроги и превенција на ХИВ.
Имено сите овие земји како и Република Македонија се во критична фаза за финансирање на овие програми после завршувањето на долгогодишните проекти финансирани од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија.