Започна обуката на YODA во Варшава за млади волонтери/активисти, со посета на отворањето на проект за промоција на ноќен живот, кој нуди бесплатни тестови за дрога, кондоми и материјали за безбедно забавување од страна на Фондација Прекусор и Фондација за социјално образование. Тројца млади активисти од ХОПС заминаа на оваа обука.
Oбуката е организирана од меѓународната организација YODA. Волонтерите/активистите во вчерашниот ден ја посетија мобилната служба за намалување на штети на двете фонадации. Во автомобилот, учесниците можеа да видат како работи тимот на терен и како се вршат тестови за ХИВ, хепатитис Ц и сифилис. Проектот е кофинансиран од градот Варшава и Националното биро за борба против зависности од дроги КБПН.
#FES #PREKURSOR #redukcjaszkod #ReGeneration #YODAworkshops #harmreduction