Во месец јуни (од 16ти до 18ти ) се одржа трдиневна онлајн обука за Параправници во организација на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Обучените параправници ќе ги застапуваат правата на лицата кои употребуваат дроги, како една од најмаргинализираните заедници во општеството. Области кои беа покриени на обуката беа: мисија и визија на ХОПС, човекови права, дискриминација, законска рамка поврзана со дроги и улога на параправници и правниот сервис на ХОПС. Правдата треба да е достапна за сите групи и заедници во општетсвото, без разлика на нивниот социјален, здравствен или економски статус, а параправнциите претсавуваат линк помеѓу овие заедници и организациите и понатаму, институциите. Ова е една од циклусот обуки предвидени во периодот кој следи, во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ имплементиран од Фондација Отворено Општество Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Станица ПЕТ од Прилеп, а финансиран од Европската Унија.