Мисијата на ОБСЕ во Скопје го објави списокот на граѓански организации кои добија мали грантови во рамките на фондот поврзан со Ковид-19, дизајниран да ги поддржи локалните организации за решавање на потребите на најранливите и недоволно заштитените заедници за време на КОВИД кризата.
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е дел од организациите кои добија грант за проектот “Живеење со зависност – подобрување на менталното здравје и квалитетот на животот на децата имлади луѓе кои користат дроги за време на пандемиската криза Ковид-19.”
Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Здружението за истражување, анализи и развој „Зелена лупа“, Советот за превенција од малолетничка деликвенција, Здруженето „Ластовица“, Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори, Здружението за истражување, комуникација и развој „Паблик“, Асоцијацијата за демократска иницијатива, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, ХОПС, Младинскиот сојуз „Крушево“ и Здружението за медиумска писменост „Планет-М“, се 11-те добитници на мали грантови од КОВИД-фондот што го иницираше Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
КОВИД-фондот е наменет за најранливите и маргинализирани заедници, тежи вкупно 153,345 евра и ќе овозможи реализација на проектите на граѓанските организации во услови на пандемија.
ХОПС ќе работи на подобрување на менталното здравје и квалитетот на животот на децата и младите корисници на дроги преку советување и достава на хуманитарни пакети како и организирање на онлајн разговор за проблемите, иксуствата и поддршка на оваа цела група
Честитики до сите организации и благодарност до Мисијата на ОБСЕ.