Новинари за човекови права – НЧП ги поканува сите заинтересирани граѓани да учествуваат на Конкурсот за дизајн на првата еколошки безбедна играчка, организиран од НЧП, а во рамките напроектот Хемиски безбедни по здравјето играчки во Република Македонија, поддржан од ГЕФ ПМГ .
Проектот Хемиски безбедни по здравјето играчки во Република Македонија се спроведува во период од септември 2018 до август 2019 година од страна на Новинари за човеки права, во партнерство со Здружението за социјални иновации и одржлив развој РАДАР.
Генерални цели на проектот се:
– Зајакнување на капацитетите на Министерството за економија, Министерството за здравство и Министерството за екологија
– Да се поттикнат медиумите да го третираат ова прашање и да ги информираат граѓаните за опаснстите по здравјето и по животната средина од употребата на неиспитани играчки со сомнителен квалитет
– Промоција на првата еколошка играчка изработена во Северна Македонија, која не содржи опасни хемикалии
-Koj ги контролира играчките дали содржат токсични материи за кои е докажано дека предизвикуваат рак, неплодност кај девојчињата, оштетувања на нервниот систем, алергии…
Заради поволната цена, родителите купуваат играчки, кои се со лош квалитет и брзо се кршат, а потоа завршуваат на депониите и претставуваат дополнителен проблем.
НЧП и РАДАР преку овој проект ќе поттикнат на размислување граѓаните да избираат меѓу небезбедните и грачки и „Првата македонска еко-играчка“…
Конкурсот можете да го најдете на слениот линк: КОНКУРС ЗА ДИЗАЈН НА ПРВАТА ЕКО ИГРАЧКА