Во декември 2015 година излезе од печат петтиот број на списанието Дроги – Политики и практики, чија носечка тема е: „Зошто е битна едукацијата?“
Со ова издание на „Дроги – Политики и практики“ настојуваме да одржиме свесност кај себе за причините за постоење на ова списание и воедно да го образложиме нашиот став за образованието. Ние под образование не го подразбираме само оној процес на стекнување знаење во семејството и во училиштето. Ние под образование подразбираме целокупен процес на стекнување на знаење од сите достапни извори и на свесно процесуирање на добиените информации онака како што најмногу можат да им користат и на единките и на заедницата. Затоа се залагаме за постојано проширување на можностите за формално и неформално образование и на достапност до разновидни извори на релевантни информации. Затоа нам ни е важно образованието. Сметаме дека сестраното образование ќе придонесе за развивање на општествената свест.
[button link=”https://hops.org.mk/sites/default/dpp-11-25-07-web_0.pdf” size=”medium” color=”default”]ПДФ Верзија[/button] [button link=”https://hops.org.mk/petto-izdanie-na-drogi-politiki-i-praktiki/” size=”medium” color=”default”]Онлајн Верзија[/button]