Повикот за приклучување кон мрежата „АRYSE“ е отворен за граѓански организации од кои се занимаваат со обезбедување здравствени и социјални услуги за ранливите групи, особено младите. Општа цел на проектот е создавање на средина за поддршка за граѓанските организации кои се активни во обезбедувањето услуги.
ЗА МРЕЖАТА ARYSE
At-Risk Youth (ARYSE Network) во Западен Балкан е основана во 2016 година, поддржана од регионалниот проект на ЕУ, од шест граѓански организации и партнери од Албанија (ARSIS), Босна и Херцеговина (Маргина), Северна Македонија (HOPS), Косово (Лавиринт), Србија (Превент), SHL Фондација од Германија, координирана од ГО Јувентас од Црна Гора.
Мрежата ARYSE е основана со цел да придонесе за регионално постигнување на социјално вклучување на младите под најголем ризик, преку зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, регионална/национална соработка и акции за застапување, а конкретно да се поддржи еднаков пристап до образование, вработување, правда и други поврзани полиња за најзагрозените млади луѓе во земјите на СБ, преку поттикнување на нивото на активно учество и вклучување на ГО кои ги претставуваат младите во процесите на одлучување и реформи. Оттогаш, мрежата реализираше неколку заеднички проекти и успеа да го прошири своето национално и регионално влијание и да вклучи многу други граѓански организации во својата работа, со што ги зајакна нивните капацитети и со тоа обезбедуваше социјални услуги за млади од различни ранливи групи.
Со цел подобра размена на знаења и вештини, проектниот тим одлучи да ја прошири постојната мрежа на ARYSE и да прими нови членови на Мрежата. Преку јавен повик, 5 земји од Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, ќе изберат една организација за приклучување на постоечката мрежа. Тоа значи дека мрежата ARYSE ќе биде проширена за пет (5) нови членови.
Поканети се чинители на граѓанското општество ангажирани во поттикнувањето на социјалната вклученост, обезбедувањето социјални услуги и оние кои ги почитуваат разликите преку нивната работа.
КАКО ДА СЕ АПЛИЦИРА?
Апликантите ќе треба да достават мотивационо писмо во кое ќе ги објаснат причините за интересот за проектот, како и годишен извештај за претходното искуство на организацијата на следната е-маил адреса: silvanan@hops.org.mk.
Краен рок за доставување на следните документи е 01.07.2022 година.
Оваа активност е дел од проектот „Граѓанските организации во Западен Балкан и нивната улога во обезбедувањето социјални услуги и спречувањето на социјалната исклученост – фаза II“. Проектот е финансиран од BCSDN – Balkan Civil Society Development Network.