„Среќна Нова Година 2018, Ви благодариме за сѐ што овозможивте“. – Децата од ХОПС.
Ова беше честитката на дечињата од ХОПС по повод посетата на претставници од Секторот за јавни дејности, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје заедно со Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Тие го посетија Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација за лица кои употребуваат дроги. Дечињата кои го посетуваат центарот, беа израдувани со новогодишни пакетчиња. Истовремено беше одржана и креативна работилница каде беа изработени честитки посветени до донаторите со топли желби за Новата година.