Околу 5.000 ирански затвореници би можеле да бидат поштедени од смртната казна по омекнување на законите за дрога во длабоко конзервативната земја Иран, каде има најголем број егзекуции секоја година по Кина. Во Иран во 2017 година, повеќе од петстотини лица биле егзекутирани, вклучително и најмалку пет малолетни престапници.
Иранското судство го укина смртното казнување за одредени прекршувања поврзани со дрога, објави во вторникот (9-ти јануари) иранската новинска агенција Мизанолајн. Шефот на судството, ајатолахот Садек Лариџани им нареди на службениците да ги прекинат егзекуциите на затворениците погодени од новите закони.
Иранскиот парламент во август ги усвои мерките за подигање на прагот за смртна казна за поседување на 50 килограми опиум, 2 килограми хероин или 3 килограми метамфетамин. Според претходниот закон, поседување на 5 килограми опиум или 30 гр хероин, водело кон смртна казна.
Поборниците за човекови права го поздравија омекнувањето на законите и го поздравија како значаен чекор кон затворање на егзекуциите низ целиот свет.
Махмуд Амири-Могаддам, од невладината организација Иран за човекови права, изјави за Би-Би-Си: „Ако се спроведе правилно, оваа промена во законот ќе претставува еден од најважните чекори кон намалување на употребата на смртната казна во светот”. Но, тој додаде дека е загрижен дека новите закони нема да важат за затворениците кои се веќе во смртна казна.
Иранските лидери постојано се критикувани, вклучувајќи ги и од ОOН, за продолжување на казнувањето на малолетните престапници до смрт, кое е во спротивност со меѓународните договори. Според Амнести, најмалку 88 лица се наоѓаат на смртна казна во Иран поради извршување на кривични и се на возраст под 18 години.
Извештајот на Амнести во јули 2017 година објави дека новата промена “не ја укинува смртната казна за прекршоците поврзани со дрога, како што тоа го бара меѓународното право”.