Феноменот на нови психоактивни супстанции (НПС) започна пред неколку децении со раст и производство на дроги кои ги реплицираат ефектите на контролираните дроги како што се амфетамини, кокаин, канабис и хероин.
Во последниве години, зголемената употреба на НПС доведе до нови закани по здравјето на луѓето кои користат дроги (PWUD) – вклучувајќи предозирање, психотични реакции, висок ризик за ХИВ како резултат на зголемено инјектирање и зголемен број на сексуални контакти.
Како и да е, во многу земји даватели на услуги како што се услугите за намалување на штети и програми за третман, услугите на брзата помош, не се подготвени да обезбедат квалитетна поддршка и советување за да ги намалат ризиците од НПС.
Во регионот на Централна и Источна Европа и Централна Азија (CEECA) состојбата со НПС е навистина алармантна и стана еден од најголемите предизвици за националните системи за јавно здравје, локалните невладини организации и заедниците.
ЕХРА во партнерство со Swansea University – Hillary Rodham Clinton School of Law, го презедоа проектот „Нова употреба на психоактивни супстанции во Молдавија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Грузија и Србија“.
Истражувањето е многу потребно за да се генерира потточна слика за употребата на нови психоактивни супстанции (НПС) и да се процени намалувањето на штетите и одговорите за спроведување на законот на новонастанатите прашања поврзани со употребата на НПС.
Резултатите од овој проект ќе ги надополнат оскудните меѓународни податоци за употребата на НПС во овие земји, ќе претстават поточна слика за нивната употреба и ќе обезбедат информации до националните организации на граѓанското општество (CSOs) за политичко застапување.
Истражувањата се достапни ТУКА!