Не е новост тоа дека МДМА генерира позитивни чувства на емпатијата за краток период откако ќе се консумира. Сепак, во една мала студија, се претпоставило дека во текот на подолг период на употреба, оваа дрога може да има контрадикторно дејство, односно да доведе до нарушување на природните серотонински патишта на мозокот, што би резултирало со социјален немир.
Бидејќи МДМА моментално е на пат да биде законски одобрена како клинички третман за посттрауматски стресни пореметувања во САД, тим од истражувачи од Универзитетот во Ексетер се обидел подобро да разбере кои долгорочни ефекти ги има МДМА врз способноста на лицето да емотивно сочувствува со другите. Студијата регрутирала 67 учесници од кои 25 корисници на повеќе видови дроги кои вклучувале лесна долготрајна употреба на МДМА, 19 корисници на повеќе видови дроги кои вклучувале консумирање на супстанции, вклучително и канабис и кокаин, но не и МДМА, и 23 субјекти без употреба на рекреативни дроги, освен консумирање алкохол .
“Се претпоставува дека МДМА, во комбинација со терапија, може да биде ефикасен третман за третирање на психолошка траума и алкохолизам, но претходно беше сугерирано дека МДМА може да предизвика зголемена социјална болка”, објаснила авторката на студијата, Моли Карлајл. “Ние регрутиравме долгорочни корисници (минимум 10 пати), со цел да ги испитаме дозите што може да се користат за медицински цели”.
Користејќи низа компјутеризирани тестови и прашалници, студијата ја евалуирала когнитивната и емоционалната емпатија на секој учесник. Во суштина, истражувањето испитувало колку добро учесниците и интелектуално можат да ја разберат емоционалната состојба на друг човек, како и колку субјективно можеле да се поврзат со неа.
Резултатите покажале дека корисниците на МДМА покажале значително поголема емоционална и когнитивна емпатија кога се споредувале со групата која не користела МДМА. Интересно е што постоело мала разлика во резултатите помеѓу групата која користела МДМА и групата која консумирала алкохол. Овој последен наод сугерирал дека е тешко да се донесе заклучок дека МДМА всушност го подобрува емпатичниот потенцијал на корисникот на долг рок, но може да се тврди дека лесна, долгорочна употреба на МДМА не го оштетува социјалното функционирање кај една личност.
“Ние не можеме да кажеме дали разликите во емпатијата се должат на земање на МДМА или дали веќе постојат разлики кај луѓето кои користат МДМА и оние кои не, пред да почнат да земаат дрога”, изјавила Селија Морган, авторка на новото истражување . “Но она што е поважно е дека оваа студија сугерира дека МДМА може безбедно да се користи како третман без несакани ефекти врз овие клучни општествени процеси”.
Постоеле несомнени ограничувања за овој вид на истражување – потпирањето на саморекламираната рекреативна употреба на дрога сигурно резултирала со недостатокот на контролата врз чистотата на производот. Истражувачите забележале дека не постои начин да се разбере во овој момент дали МДМА едноставно апелира до повеќе сочувствителни рекреативни корисници на дрога, наспроти всушност зголемување на вродената емпатија на лицето. Сепак, истражувањето придонело за зголемениот број на докази што укажувале на тоа дека МДМА не резултирала со долгорочна штета на психосоцијалното функционирање, што е нешто што е од витално значење за утврдувањето дали во крајна линија би се користела за клинички намени.
Новата студија била објавена во списанието Журнал за психофармакологија
Извор: Универзитет во Ексетер