Новите бројки објавени изминатата недела покажуваат дека близу 14,000 канаѓани починале од опоиди во последните четири години, а повеќе од 17,000 луѓе се хоспитализирани поради предозирања поврзани со опоиди.
Податоците се изнесени во новиот извештај направен од страна на националниот советодавен комитет кој што ја проучува епидемијата на предозирања со опоиди во Канада.
Главниот службеник за јавно здравје во Канада, д-р Тереза Тем и главниот директор на здравствената заштита на Саскачеван, д-р Сакиб Шахаб, излегле со изјава во која се вели дека многу од смртните случаи биле предизвикани од нелегално снабдените дроги загадени со токсични материи. Фентанил и други многу моќни синтетички опиоиди и натаму се главна причина за хоспитализација и смртност во Канада.
Податоците исто така покажуваат дека илјадници Канаѓани продолжуваат со предозирањата кои имаат нефатален крај, но исто така секоја година стотици илјади се погодени од употреба на проблематични материи.
Во својата изјава, Там и Шахаб велат дека кризата со предозирање со опоиди е сложен проблем за кој ќе биде потребно време да се врати во правилна насока.
„За да имаме видливо и трајно влијание, треба да продолжиме да работиме заедно на промените во целото општество“, велат тие.
“Ова вклучува решавање на стигмата што ја опкружува употребата на супстанции, спроведување на понатамошни мерки за намалување на штети и намалување на бариерите за лекување. Тоа исто така значи и понатаму да работиме заедно за подобро разбирање и решавање на двигателите на оваа криза, како што се менталните болести и социјалните и економските фактори кои ги ставаат канаѓаните под зголемен ризик за посегнување по опоидите“.
Западна Канада продолжува да биде најпогодена од опоидната криза, но според податоците и Онтарио бележи пораст на смртни случаи поврзани со опоиди.
Исто така, 94% од смртните случаи од опоиди во првите шест месеци од оваа година се случајни, велат од Агенцијата за јавно здравје на Канада.