Почитувани наши клиенти, соработници и подджувачи со голема радост сакаме да Ве известиме дека нашиот „Дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација на корисници на дроги и нивни семејства“ се наоѓа на нова локација – ул.Коста Кирков бр.16 – Центар. https://maps.app.goo.gl/wXWhtbEZ4wmia7ud8
Работното време на центарот е од 10 -15 ч. Во центарот продолжуваат да се спроведуваат сервисите: психијатар, психолог и педагог, а во зависност од потребите на клиентите, достапни се сите останати сервиси на организацијата како социјален работник, правник.
Здружениетo ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во партнерство и со финансиска поддршка од Градот Скопје, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни работи на 1ви септември 2012 година , го отвори “Дневениот центар за рехабилитација и ресоцијализација на корисници на дроги и нивни семејства.”