Нова апликација е лансирана за да им помогне на илјадници луѓе кои се обвинети за поседување дрога секоја година во Англија и Велс. Апликацијата е адвокатско упатство кое објаснува чекор по чекор како да се справиш со прекршок поврзан со поседување на дрога, вклучувајќи информации што да се каже и да се направи во полициската станица и во суд.
Како што покажуваат владините податоци, огромен број луѓе и понатаму се соочуваат со кривични пресуди за поседување мали количини дроги за лична употреба. Во 2016 година, неверојатни 23.000 луѓе во Англија и Велс биле обвинети за едноставно поседување на дрога, меѓу кои 95 проценти се прогласени за виновни.
Поради владините намалувања на правна помош, повеќето луѓе кои се обвинети за едноставно поседување дрога во Велика Британија, се должни да се претставуваат на суд, без адвокат – ако не можат да си дозволат да платат за застапување. Ако некое лице што се претставува не успее да даде релевантни мерки за ублажување, или ако не ги покаже своите финансиски околности, тие може да се соочат со построга казна или парична казна. Во суштина, под сегашните услови, посиромашните луѓе може да се соочат со нефер и непропорционални правни последици за едноставно поседување дрога.
На пример кај некој е пронајден канабис за лична употреба, првиот пат треба да добијат предупредување, сепак, некој што не е правно информиран не е свесен за ова и прифаќаат кауција, која понатаму води до проблеми со вработување и вадење визи.
Release води кампања за ставање крај на криминализацијата на луѓето кои поседуваат или користат дроги за лична употреба. Додека законот не се промени во Велика Британија, оваа апликација може да биде непроценлива за луѓето уапсени и обвинети за едноставно поседување дрога.
Бесплатната апликација е достапна и за Apple и Android. За оние без паметен телефон, упатството е достапно во PDF.