Во нашата организација ХОПС како дел од програмите за намалување на штети од дроги се и креативните работилници. Пред одредено време во центарот во Капиштец вклучена е нова активност пополнување на боенки за возрасни, попозната како арт медитација. Новата активност ја води Благородна Коцева Симјанов.
Боенките како интерактивна уметничка алатка помагаат да се ослободиме од стрес и да се разбуди креативноста и изрази емоцијата. Оттука боенките за возрасни може да се наречат алетрнативна уметничка медитација. Тие го релаксираат умот и на природен начин доведуваат до полна концентрација.
„Можеби боењето не е официјална тераписка алатка, но е еден од начините кој на забавен и едноставен начин не води со хармонизирање на телото и духот.“ – Благородна Коцева Симјанов.
Работилниците се одвиваат два пати неделно во понеделник и среда.