Нов подкаст „На доручек со Miss Strawberry (МДМФ)“ . Подкастот е интервју помеѓу Miss Strawberry (МДМФ) и нашите правнички Марга и Милка, кои ќе ви дадат совети за тоа како да се заштитите од родово базирано насилство, каде да пријавите, како ХОПС може да ви помогне додколку сте сексуална работничка изложена на насилство и каква правна помош може да побарате од нас. И се разбира, многу други корисни информации.
Подкастот е со цел да ја обележиме меѓународната кампања “16 Дена активизам против родово-базирано насилство/16 Days of Activism against gender based violence”.
Овој подкас е изработен во рамки на Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој се спроведува во периодот јануари 2020-јули 2021 година од страна на Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ, а е финансиски поддржан од Европската Унија.