– Се бара усвојување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, со сите дискриминаторски основи, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет и формирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација;
– Суштествена задача е назначувањето на членови на независни и регулаторни тела (Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител) да биде засновано на заслуги;
– Нотирано е дека не постои соодветна заштита од говор на омраза и дискриминирачки говор, и се бара спроведување на легислативата за заштита од говор и дела од омраза;
– Државата подобро треба да го искористи статусот на набљудувач во Агенцијата за Фундаментални права на ЕУ;
– Недостатокот на ресурси и несоодветната обука на наставници се нотирани како главни пречки за спрoведување на инклузивното образование за учениците со попреченост;
– Со цел унапредување на родовата еднаквост и заштитата од родово засновано насилство се бара спроведување на Акцискиот план за имплементација на Истанбулската конвенција и усвојување на Законот за превенција и заштита од родово засновано насилство;
– Забележано е недоволно спроведување на Законот за прекин на бременоста за што е потребен пристап до медицински услуги, пристап до контрацепција и информации за сексуално и репродуктиувно здравје;
– Забележано е дека политиките за инклузија на Ромите се спроведуваат бавно поради недостаток на капацитети, координација и мониторирање на спроведувањето, поради што Ромите често се жртви на расизам, дискриминација и сегрегација, а се соочуваат и со ограничени економски можности и многу често немаат можност да заработат за живот;
– Повторно е забележано дека нападите на ЛГБТИ Центарот за поддршка од 2012-14 година не се разрешени, а потребно е зајакнување на капацитетите на полицијата и обвинителството за превенција и за кривично гонење на случаите на насилство, кривични дела од омраза и говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето;
– Забележан е ограничен пристап до здравствени услуги за трансродовите луѓе, како и малку конкретен прогрес за овозможување на правно признавање на родот (промена на ознаката за род во личните документи) преку спроведување на пресудата на ЕСЧП од 2019 година.