„Знаењето може да спаси животи“ – кампања за намалување на штети од дроги.
Целта на Rusopplysningen, организацијата која стои зад оваа кампања е да обезбеди точни и научни информации за дроги без да се морализира. Со информирање за ефектите, ризиците и давањето на безбедносните упатства, се надеваат дека ќе ги минимизираат штетите од употребата на дрогите.
Оригиналната кампања е на норвешки, меѓутоа некои билборди се преведени на англиски.
На социјалните мрежи многумина реагираа на самата кампања, не сакајќи да ја сфатат пораката која сака да нѝ каже да бидеме свесни за ризиците од дрогите.
Иако имало многу кампањи “Кажи не на дрогите“, “Стоп за дрогите“ и слични, сфаќаме дека не функционираат. Самата кампања е направена за да стигне до најранливите луѓе во општеството. Норвешка е една од земјите со најмногу предозирање со дроги по глава на жител и затоа се надеваат дека ако не можат да ги натерат луѓето да престанат да користат дроги, барем да им помогнат да донесат повеќе информирани одлуки.