Норвешка, која има една од највисоките стапки од предозирање со дрога во Европа, ќе тестира пилот програм за препишување на бесплатен хероин за 400 корисници на дрога, за подобрување на нивните животни услови, објави владата во петокот.
Норвешката дирекција за здравство и социјални работи е задолжена да предложи експериментален проект за идентификување на пациентите кои можат да имаат корист од програмата, да го испитаат методот на имплементација и да ги пресметаат трошоците.
„Се надеваме дека ова ќе обезбеди решение кое ќе им даде подобар квалитет на животот на некои корисници на дроги, на кои тековните програми не им помагаат доволно. – Бенте Хое.
Норвешка има една од највисоките стапки на морталитет во Европа, со 81 смртен случај на милион во 2015 по Естонија (132 смртни случаи на милион) и Шведска (88 смртни случаи на милион).
Поддржувачите тврдат дека, покрај подобрувањето на квалитетот на животот на корисниците и намалувањето на смртноста од предозирање, ќе се намали и криминалот и трошоците поврзани со него.
Првите третмани во рамките на проектот ќе започнат во 2020 година.