Резултатите од една голема нова студија за пренесување на ХИВ се објавени на Меѓународната конференција за СИДА во Амстердам.
Студијата ПАРТНЕР 2, го разгледува начинот на кој ефективната терапија со ХИВ, го спречува пренесувањето на ХИВ. Студијата не открила ниту една инциденца на пренесување на ХИВ помеѓу мажите кои се позитивни и на ефективен третман, и нивните ХИВ-негативни машки партнери. И покрај тоа што не користеле кондоми.
Првата студија на ПАРТНЕР, во 2014 година, е направена на серо-несложни двојки (каде што еден е ХИВ позитивен и еден е ХИВ-негативен), кои имаат секс без кондоми.
Случаевите каде ХИВ позитивниот партнер е на ефективен ХИВ третман и има невидливо вирусно оптоварување, не најде ниту една инциденца на пренесување на ХИВ помеѓу двојките. Ова се покажало во повеќе од 40.000 инциденти на сексуален однос без кондоми. Сепак, првата студија на ПАРТНЕР била воглавно помеѓу двојки од спротивниот пол. И покрај тоа што вклучувала и некои двојки од ист пол, истражувачите сакале да направат следна студија која ќе ги следи исклучиво машките двојки.
ПАРТНЕР 2 е студија од 14 земји. Опфатени се 635 геј двојки, од кои 337 геј двојки од ПАРТНЕР 1. Учесниците пријавиле речиси 77.000 акти на сексуален однос без кондоми. Студијата не открила ниту еден инцидент на пренесување на ХИВ, кога ХИВ-позитивниот партнер имал вирално оптоварување под 200. Всушност, заедно со друга студија, Opposites Attract, истражувачите не биле во можност да најдат единствен случај на пренесување на ХИВ во 126.000 дела на анален секс без кондоми меѓу партнери со различен ХИВ статус.
Д-р Мајкл Брејди, медицински директор на најголемата добротворна организација за сексуална здравствена заштита во Обединетото Кралство, Теренс Хигинс Траст, вели:
„Ние сме возбудени што резултатите од ПАРТНЕР 2 се готови и потврдиме што веќе знаевме: луѓето што живеат со ХИВ на ефективен третман не можат да го пренесат вирусот на нивните сексуални партнери. Двете студии научно го докажуваат ова, и ќе бидат моќни во помагањето во борбата против стигмата и митовите.“ #AIDS2018