19 Јануари 2016 (22 јануари по нови податоци) во државната Дума е предвидено да се разгледа нацрт-законот № 916.716-6, за изменување и дополнување на Законот за административни прекршоци (во смисла, утврдување на одговорност при јавното изразување на нетрадиционални сексуални односи ).
Целта на овој предлог-закон е воведувањето на одговорност во форма на парични казни и затвор од 15 дена само за лицата од ЛГБТ заедницата. Всушност новиот закон ќе забрани било каква заштита за ЛГБТ популацијата, која се состои од повеќе од 5 милиони луѓе во Руската Федерација.
Овој предлог-закон е неуставен и дискриминаторски и антихуман, всушност го криминализира природно однесување на ЛГБТ граѓаните. Претходно, истиот состав на Државната Дума го усвоил законот за забрана на пропаганда на нетрадиционални односи, каде луѓето од ЛГБТ заедницата им се ограничени правата. Законот за забрана за “пропаганда на нетрадиционални односи”, усвоен претходно од страна на истиот состав на Думата, довел до зајакнување на хомофобија и хомофобични ставови во општеството, а со тоа растење на социјалниот раздор во општеството, раст на агресијата која доведува до брутални убиства на хомосексуалците, па дури и луѓе само осомничени за хомосексуалност.
Всушност, законот ќе забрани било каква активност за заштита на ранливите групи – ЛГБТ, кој вклучува повеќе од 5 милиони луѓе во Руската Федерација. ЛГБТ граѓаните често се цел на напад и дискриминација при вработувањето поради нивната сексуална ориентација и родов идентитет, и да ја бараат правдата на суд шансите за да ја добијат правдата на своја страна е минимална всушност и невозможна.
Затоа од SWAN повикуваат да се потпише петицијата, за поддршка на ЛГБТ заедницата и нивните права.
На овој линк можете да се потпишете.