Денес се одвива вториот ден од познатиот Егзит фестивал, кој што се случува во Нови Сад. Пред почетокот на фестивалот, организаторите започнаа кампања насловена “Остани чист” и има за цел на младите да на еден забавен и крајно единствен начин да ги насочи кон едукативната содржина за штетноста од употреба на дрога.
Прашањето ” Дали знаеш од каде доаѓа твојата роба “, на храбар и интригантен начин го скрена вниманието на јавноста за штетните последици од употребата на наркотици, но и на крајно нехигиенско криумчарење поради кое секој би требало да се запраша дали е тоа нешто што навистина го сака во својот живот. Кампањата нуди бројни корисни и разбирливи информации за штетните дејствија на наркотиците на менталното и физичкото здравје, но и други бројни содржини, меѓу кои се и забавни видео игри кои прикажуваат во кои делови од телото, крајно нехигиенски може да се пренесат наркотици – изјавил ПР тимот на Егзит фестивалот.
Според податоците од некои истражувања, во Србија биле регистрирани преку 500 зависници од опијати, кој што започнале со лечење.
“Просечната возраст кога се започнува со експериментирање со дрогите, најчесто марихуаната, 16 години, а просечната возраст кога се започнува со користење на хероин е 21 година. Загричувачки е податокот од последните истражувања, според кои во Србија биле евидентирани 89 смртни случаеви поврзани со употребата на дрога, а епидемиолошките податоци покажуваат дека просечната возраст на корисниците на хероин кои се на лечење е околу 33 години. Поради тоа целта на #StayClean кампањата е да дејствува превентивни, пред се на младите лица кои се уште не почнале со консумација на наркотици, а за оние кои започнале, да ги одврати од употребата на дрога пред да станат дел од мрачните статистики”, нагласуваат од тимот на Егзит.
Егзит фондацијата, како иницијатор на оваа иновативна борба за чист живот без наркотици, на самиот фестивал ќе делат бројни материјали од #StayClean кампањата за сите посетители.