„Доаѓам од сосема конзервативна религиозна основа. Се сеќавам, како млада девојка, чувствував вознемирено и тажно кога одев низ Црвената улица во Амстердам, сакајќи еден ден сите овие жени да бидат “слободни”. Не, никогаш не можев да се видам зад тие прозорци. Врз основа на моите лични идеи и чувства, претпоставував дека сексуалната работа не е работа што некој ќе одлучи да направи. Јас замислував дека повеќето луѓе кои работат во секс индустријата мора да се принудени некако. Научив дека моите претпоставки не се секогаш во право.“- Венделин Волбехр
Венделин Волбехр својата магистерска тема ја посветила на „Сексуални работници против трговијата со луѓе. Стратегии и предизвици на организациите предводени од сексуалните работници во борбата против трговијата со луѓе “
За време на истражувањето Венделин интервјуира активисти, сексуални работници од дванаесет организации, за нивното разбирање и одговор на трговијата со луѓе. Од приказните што ги слушнала сфаќа дека сексуалните работници честопати се далеку од немоќни. И дека сите тие всушност веќе преземаат активности за да влијаат на дебатата и на практиките околу спречувањето и решавањето на случаите на трговија со луѓе во сексуалната работа.
Во јавниот дискурс, сексуалните работници често се портретирани како жени кои се сиромашни, немоќни жртви кои немаат друг избор освен “да ги продаваат своите тела”. Дека тие се жртви на несреќни околности или можеби или станале плен на насилни дечки или криминалци кои ги принудиле да влезат во секс индустријата.
Втората категорија, честопати позната како “трговија со луѓе”, е популарна тема. Милиони долари се инвестираат во кампањи и програми за борба против трговијата со луѓе секоја година. Сепак, темата е широко дискутирана со разни приказни, статистика и популарна реторика, овозможувајќи искривена слика за реалноста. Дискурсите околу сексуалната работа и трговијата со луѓе често се поврзани, врз основа на предрасуди, морал и донекаде драматична реторика и слики.
Европската мрежа за борба против трговијата со луѓе Ла Страда тврди дека медиумското покривање на трговијата со луѓе е проблематично поради “прикажување на обемот и природата на трговијата со луѓе, особено во однос на проценките за бројот на жртви на трговија со луѓе и нејзиното појавување во сексуалната индустрија или другите економски сектори”.
Денес, преку 200 организации предводени од сексуални работници се членови на Глобалната мрежа за сексуални работници (NSWP). Овие различни групи се залагаат за правата на сексуалните работници, но секој има свои приоритети, некои се повеќе фокусирани на здравјето, а други на заштита од насилство. Други се фокусираат на влијанието врз процеси на креирање политики за заштитни закони и политики за сексуална работа или миграција. Овие организации генерално признаваат дека експлоатацијата и трговијата со луѓе се случува во нивниот сектор, меѓутоа не на претерана големина како што честопати ја наметнуваат медиумите и политиката.
Друг предизивик со кој што се соочуваат групите на сексуални работници, е тоа што тие не се препознаваат како партнери против трговијата со луѓе. Бидејќи сексуалните работници често се сметаат за “жртви кои имаат потреба од спасување”, организациите на сексуалните работници имаат тенденција да го поминуваат поголемиот дел од своето време и ресурси во борба за да сексуалната работа биде признаена како легитимна професија. Покрај тоа, многу програми за борба против трговијата со луѓе во пракса се фокусирани на политики против анти-сексуална работа, предизвикани од високо стигматизирачкиот популарен дискурс околу сексуалната работа. Затоа, многу групи за сексуални работници се фокусираат на разоткривање на митовите за сексуалната работа и трговијата со луѓе и менувањето на реториката. Тие сметаат дека тонот на дискусијата треба да се промени со цел да се заштитат сексуалните работници и жртвите на трговија со луѓе.
„Не се жртви. Наместо тоа, сексуалните работници се клучни партнери во борбата против трговијата со луѓе. Само кога ќе заземеме пристап базиран на човекови права, запирање на дискриминацијата и препознавање на важниот придонес на сексуалните работници во оваа област, можеме да работиме заедно за ефикасно да се спротивставиме на трговијата со луѓе во сексуалната индустрија.“ – Венделин Волбехр
Истражувањето можете да го прочитате ОВДЕ.