Во услови кога родовото базираното насилство добива размери на епидемија во државата, не може да го игнорираме и да не говориме за него. Не може да не се бориме против причините кои поради кои настанува историската нееднаквост помеѓу мажите и жените, патријахатот, општествените наметнати вредности и други причини. Не може, а да не го впериме прстот кон институциите кои НЕ постапуваат! Институциите кои наместо да ги охрабрат жртвите и да ги заштитат, ги замолчуваат па дури и ги обвинуваат.
Се случија поместувања во оваа сфера, пред сè водени од граѓанскиот сектор, преку кои девојките и жените се охрабрија да го раскажат своето искуство- преку кампањата: #СегаКажувам и последната, многу важна #ШтоПравиМвр, #НесиСама #ЗоштонеПријавив, која го разобличи (не)постапувањето на институциите.
Поради тоа, со овој подкаст ( ЛИНК) сакавме да ја приближиме ситуацијата на јавноста, за проблемите со кои се соочуваат девојките и жените, но и како треба да постапуваат институциите.
Заклучок:
♀️ Сексуалните работници и жените кои употребуваат дроги постојано се деградирани, мета на дискриминација од страна на институциите, секојдневно се соочуваат со низа сериозни прекршувања на нивните човекови права и се особено погодени од разни форми на насилство.
♀️ Иако институциите имаат законска обврска да постапуваат итно и со должно внимание да преземаат активности за превенција и заштита од родово – базирано насилство врз жените и семејното насилство без дискриминација и да пружаат помош на жртвите на насилство, за жал во пракса не е така.
♀️ Како последица од ограничениот пристап до соодветна и ефективна правна заштита и поради недоверба во институциите, жртвите се обесхрабени да ги пријавуваат случаите на родово – базирано насилство.
♀️ Со цел елиминирање на предрасудите и обичаите, како и спроведување на принципот на еднаквост, потребно е:
- Да се воспостави меѓусекторска соработка помеѓу институциите
- Да се спроведуваат кампањи за подигање на свеста за сите форми на родово-базирано насилство
- Да се промовира родовата еднаквост
- Да се спроведуваат континуирани обуки заради постојано проширување и надградување на знаењата кај професионалците кои обезбедуваат мерки
- Активности и услуги на жртвите на родово – базирано насилство
- Најважно е да се мотивираат жртвите на родово базирано насилство да ги пријавуваат случаите и да бидат истрајни во постапките
Учеснички:
– Милка Спировска – Адвокаткa
– Ивона Тасеска – Параправничка
– Хајди Штерјова Симоновиќ – Модераторка на настанот
Онлајн разговорот е реализиран во рамките на Проектот: „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот и Здружение за правна едукација и транспарентност – Станица ПЕТ, финансиски поддржан од Европска Унија.
Содржините на онлајн разговорот се единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не ги изразува гледиштата на Европската Унија.“