Mind Medicine Australia се залага за употреба на МДМА и псилоцибин кој го има во магичните печурки, за лекување на луѓе кои се борат со ментални здравствени проблеми по заклучувањата, поради КОВИД-19 во Австралија.
Регистрираното добротворно друштво кое поддржува научни истражувања за психоделична психотерапија, ја повика австралиската влада да го понуди овој третман како дел од поддршката за ментално здравје што го воспостави федералниот министер за здравство за време на пандемијата КОВИД-19.
Австралија неодамна забележи зголемен број на луѓе кои бараат помош поради проблеми со менталното здравје, како што се депресија, стрес, вознемиреност по кризата со големите пожари, но и со појавата на оваа пандемија.
Членот на Управниот одбор на ММА, Ендру Роб, изјавил за АБЦ дека психотерапијата со помош на психоделици е „потенцијално најзначајната иновација во менталното здравје што сме ја виделе со децении“, додавајќи:
“Кога ќе излеземе од ова (пандемија), буквално ќе има десетици илјади луѓе кои ќе имаат потреба од овој третман и ваква помош”
Тој го критикува недостатокот на каков било голем чекор со децении поврзано со менталното здравје.
Во Соединетите држави, Администрацијата за храна и лекови (ФДА) спроведе клинички испитувања со МДМА за ПТСД и во декември го одобри раниот пристап до психотерапија со помош на МДМА за лица со психолошки состојби опасни по живот.
Исто така минатата година, ФДА одобри втора фаза на испитувања со псилоцибин за да се тестира ефикасноста во третирањето на различни депресивни нарушувања.
Во Лондон се прават истражувања за третирање на ПСТД со МДМА, каде резултатите покажале подобрување на менталното здравје, исто така МДМА е потенцијален третман во лечењето на алкохолизам.