Во март во Скопје се одржа првиот консултативен состанок за подготовка на акциски план за превенција, контрола и справување со вирусен хепатит.
Националните експерти меѓу кои и Извршниот директор на ХОПС- Христијан Јанкулоски, се сретнаа да направат преглед на ситуацијата со вирусниот хепатит во земјата и досегашниот начин на справување со овој проблем, со цел дефинирање на проблемот преку споделување на достапни податоци и информации за големината, обемот, карактеристиките и последиците од вирусниот хепатит, за да се идентификуваат предизвиците и можностите, да се одредат стратешките приоритети (цели, активности) во следните 4 години врз основа на регионалните и глобалните акциони планови на СЗО.