Одделот за здравство и социјални услуги на САД го објави Националниот извештај за напредокот на ХИВ/СИДА стратегијата (NHAS) за 2017 година. Шестти ваков извештај откако е формиран првиот NHAS извештај во 2010 година.
Извештајот го изработиле членовите на Сојузната работна група на NHAS, која го координира спроведувањето и следењето на Стратегија низ федералната влада. Можете да го прочитате на HIV.gov
Една одлика на NHAS е серија од 17 индикатори кои се користат за мерење на напредокот во исполнувањето на целите на планот. Тие успеале да соберат и да претстават информации за 16 индикатори во извештајот.
Дел од индикаторите:
- Бројот на нови ХИВ дијагнози е намален за речиси 5% од 41.985 во 2011 година на 39.876 во 2015 година.
- Процентот на лица кои живеат со дијагностициран ХИВ кои се вирусно потиснати се зголемил од 46,0% во 2010 година на 57,9% во 2014 година.
- Бројот на возрасни на кои им е пропишана PrEP терапија се зголемил за повеќе од 300% од 7.972 во 2014 година на 33.273 во 2015 година.
- За жал, извештајот, исто така, покажува дека напредокот не е еднаков во сите популации и региони. Продолжува да постојат разлики во ризикот за ХИВ и дијагнози за геј и бисексуални мажи.