Неодамнешното предозирање на Деми Ловато, позната поп пејачка го открива ризикот од рецедив и сериозноста за опиоидна епидемија во Америка.
При предозирањето на Ловато, некој од пријателите и администрирал Наркан. Наркан е антидот кој брзо ги менува ефектите од предозирање со опиоиди. Тој е толку ефикасен со што ги враќа луѓето од работ на смртта.
„Наркан е многу едноставен и многу безбеден лек, сличен со EpiPen, тој притиска на пауза при предозирање со опиоиди и овозможува на лицето да продолжи да дише”. – Кајлин Види
Наркан, исто така може да се администрира како назален спреј. Многумина не се запознаени со самиот лек, но со предозирањето на Ловато, на големо се пишува за истиот. Наркан е додаден во списокот на неопходни лекови на Светската здравствена организација, кој ги идентификува најбезбедните и најефикасните лекови.
Прочитајте повеќе за Налоксонот, кој го имаме во Македонија – „Водич за опијатно предозирање и за примена на налоксон“.