На кратко, намалување на штети е збир од политики и практики чија цел е ограничување или намалување на последиците/ризиците поврзани со употребата на дроги, меѓу кои и:
- здравствени ризици (ХИВ, хепатит Б и Ц, предозирање, туберкулоза, проблеми со циркулација),
- социјални ризици (стигматизација, семејни проблеми, проблеми во опкружувањето),
- економски ризици (ограничени можности за вработување, намалена работоспособност, сиромаштија, зголемена потреба за пари),
- правни ризици (изложеност на кривичен прогон, проблеми со полиција, нарушени човекови права).
Колку и да се разграничуваат, сите овие ризици се меѓусебно поврзани и влијаат на благосостојбата на единката, но и на целокупната општествена благосостојба.
Политиките за намалување на штети во светот почнаа да се развиваат во 80-те година на ХХ век, а во Македонија од 1996 година.
Основни принципи на намалувањето на штети се:
- Сосредоточеност на краткорочни и прагматични цели.
- Воспоставување на хиерархија на ризици.
- Употреба на разновидни стратегии.
- Вклучување на целната заедница во сите стратегии.
- Почитување на човековите права.
Стратегии за намалување на штетите
- Воспоставвуање контакт со целната заедница преку теренска работа и градење на доверба.
- Обезбедување на навремени, точни и наменски информации, растоварени од лични судови и идеологии.
- Обезбедување лесен пристап до социјалните и до здравствените служби.
- Обезбедување на стерилен прибор за инјектирање.
- Супституциска терапија за лекување на зависностите од дроги.