Предозирањето е една од водечките причини за предвремена смрт во регионот на ЦЕЕЦА. И покрај недостигот на регионални статистики кои не дозволуваат да се спроведе соодветна анализа за причините од смрт, може да се констатира дека предозирањето меѓу кои и другите причини како ХИВ и вирусен хепатитис продолжуваат да одземаат илјадници животи на луѓе кои користат дроги во регионот на ЦЕЕЦА.
Пред повеќе од десет години започнато е систематско застапување на налоксон во регионот на ЦЕЕЦА. Експертите и активистите од целиот свет, заедно соМеѓународната мрежа за намалување на штети и Коалицијата за намалување на штети (САД), се залагаат за меѓународно признание дека предозирањето е проблем што не може да се реши без вклучување на заедницата. Во пракса, тоа значи дека луѓето кои користат опиоидни дроги и нивните семејства мора постојано да носат налоксон со нив, бидејќи можат да спасат живот, додека се појави брзата помош или полицијата.
Од тогаш е усвоена Резолуцијата за предозирање на Комисијата за наркотични дроги и препораките на СЗО, но во повеќето земји од регионот пристапот до налоксон е исклучително низок или непостоечки.
Истражувањето на членовите на ЕХРА покажува дека невозможно е да се купи налоксон без рецепт, скоро во било која земја во регионот. Земји кои им дозволуваат на луѓето кои користат дроги да добијат слободен налоксон во програмите за намалување на штети, сѐ уште се исклучок. Исто така истражувањето покажува дека луѓето кои излегуваат од затвор, се со најголем ризик од смрт од предозирање и не добиваат налоксон при ослободување.
Искуството на земјите во кои има намалување на морталитетот од предозирање покажува дека е неопходно да се усвојат следните мерки: декриминализација, пристап до третман, тестови за квалитет на дроги, соби за безбедно инјектирање. Сепак, спречувањето на предозирање без дозволување на слободен пристап до налоксон е исто што и обидот да се намалат стапките на ХИВ без АРВ.
Главната тешкотија за застапување за слободен пристап до налоксон е тоа што лекот се инјектира, па затоа се продава само со рецепт. Всушност, постои и налоксон во форма на назален спреј. Сепак овој тип на налоксон не е регистриран во повеќето земји од овој регион регион. Цената често е многу повисока од цената на налоксон за инјектирање.
Ќе треба да се изоди долг пат за да се обезбеди пристап до назалниот налоксон.
Извор: ЕХРА